вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џеј Ло најавува продолжување на трендот на карираната јакна-кошула: Одговараат на се, го оживуваат стајлингот

Џеј Ло најавува продолжување на трендот на карираната јакна-кошула: Одговараат на се, го оживуваат стајлингот

Славниот брачен пар долго време го бара совршениот дом во Лос Анџелес.

Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек се фотографирани додека гледале друг луксузен дом, бидејќи парот од минатата година бара ново љубовно гнездо.

За оваа неформална пригода, латино дивата се одлучи за опуштена облека, во која изгледаше многу модерно.

Можеби највпечатлив детал од нејзиниот изглед беше бујната коса која пејачката ја пушти слободно да паѓа.

Нејзиниот аутфит беше лежерен, белите широки панталони ги спои со крем чизми, а карирана јакна-кошула го комплетираше овој лежерен стајлинг.

Инаку, карираните јакни-кошули минатата година беа вистински хит во модниот свет, а Џеј Ло најавува дека овој тренд нема да престане ниту оваа пролет.

Нивната предност е што лесно се вклопуваат во гардеробата што веќе ја имате во вашиот плакар, а карираните тонови го оживуваат секој аутфит.

Најнови вести