четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски очекува извинување: Видео од мојот божемен „физички напад” на колешка, за што лажно ме обвинија од СДС

Петрушевски очекува извинување: Видео од мојот божемен „физички напад” на колешка, за што лажно ме обвинија од СДС

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ објави видео од, како што вели неговиот божемен “физички напад” на колешка, за што беше обвинет од СДСМ.

-Во позадина се слуша мојата реакција на навредите од колешката, додека премиерот ноншалантно си шета во салата.

Ова се фактите и ова е вистината, а својствено за СДС се обидоа да конструираат непостоечки физички напад, користејќи го имунитетот од говорница, за да ме омаловажат и дискредитираат, како би престанал да им ги кажувам криминалите. Но, го згрешиле човекот!

П.С. Го очекувам извинувањето за мизерната конструкција искажана на национален медиум, пишува Петрушевски.

Најнови вести