понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 123 казни за брзо возење на територија на СВР Куманово

МВР: 123 казни за брзо возење на територија на СВР Куманово

Денеска (05.03.2023) од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 123 возачи.

Од нив 107 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Најнови вести