Рускиот ракометен клуб Ростов Дон го смени тренерот. Поранешниот тренер на Вардар и селектор на руската машка репрезентација, Едуард Кокшаров остана без работа, по серијата негативни резултати кои ги принудија клупските челници на клуб за промени.
Имено, рускиот клуб мина пет натпревари без победа пред своите навивачи, што е најлошата серија во клупската историја. Нов тренер на Ростов ќе биде Александар Бурмистов.
Името на легендарното руско крило, Едуард Кокшаров се вбројува меѓу најсериозните кандидати за тренер на белорускиот Мешков Брест .