вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мал авион се урна во Њујорк, едно лице загина (ВИДЕО)

Мал авион се урна во Њујорк, едно лице загина (ВИДЕО)

Мал авион се урна во населбата Лонг Ајленд во Њујорк, при што едно лице го загуби животот.

Авионот се урнал околу 15 часот по локално време, соопшти полицијата на округот Сафолк.

На социјалните мрежи е објавено видео од моментот кога авионот се урива. Во авиониот имало вкупно тројца патници, од кои двајца се повредени и со хеликоптер пренесени на лекување во болницата „Стони Брук“.