Голманот на репрезентацијата на Србија и член на Веспрем, Владимир Цупара заработи повреда која ќе го оддалечи од терените.
Цупара во победата над Татабања при една одбрана заработи скршеница на дланката. Поради тоа, српскиот голман ќе паузира четири до пет седмици.
Тој нема да биде на располагање на селекторот Тони Џерона за квалификациските дуели, но ќе паузира и на клупски план.