недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Српски судии ќе го судат мечот Македонија-Португалија

Српски судии ќе го судат мечот Македонија-Португалија

Ракометната репрезентација на Македонија на 9 март на свој терен ќе ја пречека Португалија во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за претстојните квалификациски натпревари.

На дуелот меѓу Македонија и Португалија правдата ќе ја делат Дејан Марковиќ и Марко Боричиќ од Србија, додека делегат ќе биде Клаус Дитер Конвенц од Белгија.

Мечот Македонија и Португалија ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Реваншот е закажан за  12 март во Матосињос.