четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Лани го „меркаше“ Вардар, денеска потпиша за Веспрем

Лани го „меркаше“ Вардар, денеска потпиша за Веспрем

Сергеј Косоротов е најново име во дресот на Веспрем откако рускиот бомбардер денеска потпиша тригодишен договор со унгарскиот ракометен гигант, што ќе стане валиден од 1 јули 2023 година. Овој 24-годишен двометраш пред помалку од две години беше поврзуван со Вардар, трансферот не се реализираше, за сега тој да направи значаен чекор напред во кариерата и да му се приклучи на најтрофејниот унгарски ракометен колектив.

Косоротов, кој настапува на позицијата лев бек, својата кариера ја почна во Чеховски медведи, каде настапуваше од 2017 до 2021 година. Во 2021 тој се пресели во Висла Плоцк, тим со кој стигна до фајналфор турнирот во Лигата на Европа, а годинава игра одлично и во Лигата на Шампионите, каде веќе постигна 45 погодоци за Висла.

Во меѓувреме, Косоротов се наметна и како лидер на руската репрезентација, што беше доволна препорака за Веспрем да тргне во офанзива и да го осигура неговиот потпис.