четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Попладнево во Крива Паланка шумски пожар во село Киселица

Попладнево во Крива Паланка шумски пожар во село Киселица
илустрација

Пожарникарите од Општина Крива Паланка денеска интервенирале на шумски пожар во селото Киселица, каде горела дабова шума.

– Денес екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка интервенираше по дојавата за пожар во село Киселица, м.в. Порешанска маала. Станува збор за шумски пожар, запалена дабова шума и нискостеблеста вегетација околу два хектари, а на интервенцијата беа упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари кои навремено успеаја да го локализираат и ликвидираат пожарот, информираат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Ова е трет шумски пожар во општината во период од две недели, екипите на ТППЕ Крива Паланка на крајот на февруари интервенирале на шумски пожар во селото Луке, м.в. Света Петка и на ул. Климент Охридски населба Скрљава, во кои опожарени се значителни површини бор и нискостеблеста вегетација.

ТППЕ Крива Паланка ги алармира граѓаните да бидат крајно внимателни во движењето на отворено и при подготовката за обработка на земјоделски површини периодов, при што, неретко од невнимание при палење стрништа доаѓа до неконтролирано ширење на огнот.

Најнови вести