петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски со пресврт до четвртфинале во Кретеј

Калин Ивановски со пресврт до четвртфинале во Кретеј

Македонскиот тенисер Калин Ивановски мораше да се намачаи за да го скрши отпорот на Естонецот Данил Глинка, но најдобра вест е што ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четвртфиналето во Кретеј.

Фјучерсот во Франција се игра на тврда подлога во сала и Ивановски ја оствари втората победа со пресврт, откако се враќаше и во првата рунда против Русинот Кирил Кивацев.

За разлика од тогаш, сега беше доста потесно во сетот со кој израмни на 1:1, бидејќи Калин беше подобар дури по одиграниот тајбрејк кој го доби со 7:5.

Претходно, Естонецот славеше во првиот сет со 6:3, а последниот беше максимално едносмерен и нашиот најдобар тенисер го доби со убедливи 6:1.

Во четвртфиналето за противник Ивановски ќе го има домашниот претставник, Французинот Тристан Ламашин.