четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 10 март 2023: Што ги очекува припадниците на зодијакот во текот на денот?

Дневен хороскоп за 10 март 2023: Што ги очекува припадниците на зодијакот во текот на денот?

Овен

Не ви годи доминацијата на саканата личност, а не земате во предвид дека таквиот однос е предизвикан од вашето повлекување. Можеби мислите дека другата страна сама изрежирала. Немојте да се залажувате себе и другите, со препуштањето на водството сте ја „изгубиле“ и одговорноста.

Бик

Прифаќате нови работни обврски иако не сте сигурни како тие функционираат. За се да совладате, потребно е дополнително време за сами да ја проучите работата. Бидејќи за тоа немате услови, можеби е помудро да се откажете.

Близнаци

Се враќате во ритам на кој сте навикнале. Некои стари работи повторно се активираат, а вие сте збунети од расплетот, затоа што после долго чекање сте изгубиле надеж. Сега кога реализацијата е извесна, вие не сте сигурни дека е тоа што го сакате.

Рак

Амбициозни сте на патот да ги остварите големите планови. Сепак, заборавате дека сите успеси стигнуваат кога е вистинско време за тоа. За вас овој период не е клучен, па во согласност на тоа така и треба да се однесувате. Ако планирате пат, размислете за одложување.

Лав

Стигнува поддршка од далеку. Вашиот шарм е во полна сила, се што ќе замислите ќе се реалиира. Сепак, водете сметка затоа што може да станете мамец за луѓе кои не се добронамерни. Освен тоа, работите чесно, во спротивно следуваат парични казни.

Девица

Финансиската ситуација се стабилизира, па вистинско време е доброто расположение да го поделите со саканата личност. Ви стигнува вест која можеби на кратко ќе ја прекине хармонијата. Денеска размислувате за работа, одморајте, но бидете умерени во исхраната.

Вага

Ве стигнува замор, а можна и настинка. Очекувате благонаклонетост кон надредените лица, но тоа отсутвува. За денеска да бидете поштедени, мора јасно да се изјасните. Сепак, бидете внимателни, секоја комуникација во вид на пишани пораки може да прерасне во несогласување.

Шкорпија

Саканата личност од вас очекува нешто што е за вас неразбирливо. Размислувате за конкретни чекори за да ја официјализирате љубовната врска. Немојте да носите одлуки под таков притисок ако не сте сигурни дека тоа е тоа што го сакате.

Стрелец

Партнерот очекува конкретен чекор со кој ќе ја официјализирате врската. Не попуштајте под притисок ако не сте сигурни дека тоа го сакате. Дополнителна тензија предизвикува и финансиската ситуација која денеска се комплицира.

Јарец

Се чувствувате дека некој ве загрозува. Победата е можна со голема борба и доколку бидете доволно истрајни. Многу овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија а се тоа како резултат на наглите промени кои се одвиваат во фирмата во која сте ангажирани.

Водолија

Сите активности се водени во круго на проектот во кој сте одамна вклучени. Од вас се очекуваат потези со кои ќе докажете дека местото ви е во тимот. Бидете внимателни, полето на делување ви е ограничено, и вашите можности може да бидат доведени во прашање.

Риби

Вишокот на слободно време ви дава простор да се преиспитате дали одите по вистинскиот пат. Потребата за промена не доаѓа поради реално лошата ситуацијата, туку во прашање се многу длабоки механизми кои моментално не може да ги согледате.