Пејачката Дара Бубамара неколку пати во јавноста истакна дека нејзиниот син оди во приватно училиште каде што учат деца на успешни родители, политичари и спортисти.
Според медиумите, нејзиниот син го посетува најпрестижното приватно основно училиште во Нови Сад, каде годишната школарина е 5.000 евра.
Таму има терени за тенис, кошарка и фудбал. Покрај тоа, содржи сала за одржување на физички активности, специјална кујна, училници со најсовремена опрема, како и приватен лекар во склоп на училиштето. Во цената е вклучена и целодневна настава од 8 до 16 часот, каде има можност професорите да учат заедно со студентите после часовите.
Во оваа цена се вклучени и појадок, овошна ужина, ручек, слатка ужина. Училиштето има четири менија кои се погодни за деца, а едно од нив вклучува руско национално јадење и овошен сок. Во рамките на училиштето има можност за превоз со мини комбиња, кои ги носат учениците од дома до училиште и од училиште до дома.