недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Австралијката Мекeон го урна светскиот рекорд на 200 метри грбно

Австралијката Мекeон го урна светскиот рекорд на 200 метри грбно

Австралиската пливачка Кајли Мекeон е нова светска рекордерка на 200 метри грбно, откако го урна досегашниот рекорд стар скоро четири години на пливачки митинг во Сиднеј.

Мекeон исплива 200 метри грбно со време 2:03,14 минути и за 21 стотинга го подобри најдоброто светско време кое досега го држеше Реган Смит од Светското првенство во 2019 година.

Мекeон е трикратна олимписка шампионка од Токио, откако се закити со најсјајните одличја на 100 и 200 метри грбно, како и во мешаната штафета 4х100 метри.

Таа и лани во Будимпешта својата доминација ја потврди со светска титула на 200 метри во оваа дисциплина.