Американскиот портал „Спортико“ објави неофицијална листа на најбогати спортисти во светот, а на врвот се наоѓа неприкосновениот, и според многумина, најдобар кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.
Неверојатниот „Ер Џордан“ успеал за сите овие години да стигне до спектакуларна заработувачка од вртоглави 3,3 милијарди долари.
Во оваа сума влегуваат буквално сите негови хонорари, спонзорски договори, маркетинг-кампањи и останато. Интересно е и тоа што Џордан како кошаркар кој одамна е во длабока пензија, секоја година заработува чисти 120 милиони долари.
На второто место се наоѓа голферот Тајгер Вудс, чие богатство е проценето на околу 2,2 милијарди долари, а третото место му припаѓа исто така на голфер, а тоа е Арон Палмер кој има заработено нешто над 1,7 милијарди.
Меѓу фудбалерите најбогат е Португалецот Кристијано Роналдо кој на сметката има 1,5 милијарди, а кај тенисерите на врвот се наоѓа Швајцарецот Роже Федерер и неговото салдо изнесува 1,2 милијарди долари.