петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Џонов: Одиме во Португалија да се надигруваме

Џонов: Одиме во Португалија да се надигруваме

Македонската машка ракометна репрезентација во недела ќе игра повторно во Португалија во квалификациите за пласман на ЕП во ракомет  Останува желбата за докажување и нова битка на теренот.

„Кога играш со квалитетен тим како што е Португалија мора концентрацијата да биде на највисоко ниво сите шеесет минути. По 50 минута ние имавме пад и тоа го одлучи натпреварот. Некои од работите што ги договоривме пред мечот не ги испочитувавме и тоа беше клучот за пораз. За реваншот не можеме да промениме многу бидејќи е краток период, но ќе се обидеме да ги поправиме грешките. Одиме во Португалија да се бориме и да го дадеме својот максимум“, изјави Иван Џонов