Андреа Гауденци, првиот човек на АТП, потврди дека завршниот турнир во сезоната, АТП-финалето, ќе се игра во Торино до 2025 година.
По една деценија натпреварување во Лондон, најдобрите осум во сезоната се преселија во Торино и таму ќе се игра во наредните три години.
Бранител на титулата во Торино е Новак Ѓоковиќ, кој во ланското финале славеше над Каспер Руд со 2-0 во сетови.