вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Тендерот за изградба на коридорите 8 и 10д е криминален, надзор на американски проект ќе вршат коруптивни фирми со руски и кинески капитал

Стојаноски: Тендерот за изградба на коридорите 8 и 10д е криминален, надзор на американски проект ќе вршат коруптивни фирми со руски и кинески капитал

Владата мора под итно да го раскине договорот за надзор заради тоа што е коруптивен и има четири фирми од кои што сите се инкриминирани, и затоа што е доделен криминално на наместен тендер, порача Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Анализа на телевизија 24.

На прашањето која ќе биде последицата, Стојаноски рече нема друга земја во светот освен Македонија, каде што надзор на американски проект ќе вршат фирми со кинески и руски капитал.

Последицата ќе биде потрагична заради тоа што за прв пат во историјата би кажал нема никаде друга земја во светот каде што кинески и руски капитал ќе прават надзор над американски проект. Вие не разбирате која е стратешката последица од тоа што вие ќе и го направите на оваа држава. Вие ќе го закочите проектот, никој друг не го кочи, му порача Стојаноски на Миле Талевски од СДС.

Стојаноски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група во Собранието ќе го поддржат секој капитален проект и инвестиција за граѓаните, а не во џебовите на криминалците од власта.

Секое евро од буџетот кое што завршува во проекти од типот на автопати, водоводи, канализации, набавка на амбулантни возила, набавка на нови автобуси или секакви капитални инвестиции до сега сме поддржувале и ќе ги поддржуваме. Секое евро кое нема да заврши во џебот на криминалците од власта, а ќе заврши во капитални инвестиции ќе го поддржиме, истакна тој и додаде:

До сега како пратеничка група 1,7 милијарди евра гаранции, договори, кредити сме поддржале во Собранието, освен еден а тој е оној од 100 милиони евра за ЕЛЕМ, средства и услови кои што требаше да се земат за да го затворите ТЕЦ Осломеј.

Најнови вести