вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Десет години затвор за малолетничката која уби 16-годишно момче: Крвнички го удирала во глава, па го фрлила во Пена

Десет години затвор за малолетничката која уби 16-годишно момче: Крвнички го удирала во глава, па го фрлила во Пена

Седумнаесетгодишната девојка која го уби 16-годишниот Б.Х. од тетовско Ново Село доби казна – 10 години малолетнички затвор.

Тетовскиот суд ја објави пресудата за убиството на момчето чие тело беше пронајдено во реката Пена, на местото викано Бањиче.

Затворската казна од 10 години девојката ќе ја отслужува во затвор за деца.

Истражителите утврдија дека девојката по вербална расправија во автомобил, со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена.

На 22 декември 2022 година, по неколкучасовна потрага, во водите на Пена беше пронајдено безживотното тело на 16-годишникот.

Најнови вести