недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тур де Франс првпат во историјата нема да финишира во Париз

Тур де Франс првпат во историјата нема да финишира во Париз

За првпат во историјата Тур де Франс нема да заврши на Елисејските полиња. На 111. издание на најпрестижната велосипедска трка во светот кое ќе се одржи следната година, последната трка ќе заврши со хронометар на Азурниот брег.

Организаторите беа принудени да се откажат од традиционалниот финиш во Париз, кој ќе биде домаќин на Олимписките игри следната година.

Со оглед на тоа што последната етапа на Тур де Франс на Шанзелизе е секогаш ревијална, овојпат таа ќе биде исклучително важна, бидејќи од Монако до Ница ќе се вози хронометар долг 35,2 километри, со две искачувања и спуштање од 15 километри на крајот.

Тур де Франс ќе започне на 29 јуни 2024 година во Фиренца, а ќе заврши на 21 јули, пет дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз.