четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Данела почна да лаже и без елементарен осет, на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на маркиците за градба на згради, таа само повтори што кажав јас

Костовски: Данела почна да лаже и без елементарен осет, на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на маркиците за градба на згради, таа само повтори што кажав јас

Данела почна да лаже и без елементарен осет! ова го напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

-Јас како градоначалник не слушам апели од Данела Арсовска и Град Скопје, туку работам неколку чекори пред нив! Арсовска поради недостаток на идеи и иницијативи сака да си присвои нешто за кое воопшто не произлегло од неа. Имено на мое излагање пред медиумите на 09.03.2023 година јасно и гласно потенцирав дека на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на спорните маркици за згради. И тоа се случи на 15.03.2023 со седницата на Советот на Општина Бутел. На Арсовска и требаа неколку дена, односно на 11.03.2023 да излезе јавно со низа лаги и неосновани обвинувања да го повтори тоа што веќе јас го кажав. Па потоа да ги извести медиумите дека маркиците биле отстранети по нејзина иницијатива. Тешка лага, веројатно веќе и својствено за неа, истакна Костовски.

И да повторно ќе порачам. Општина Бутел ќе биде зелена општина со најмногу зелени површини и за тоа не треба да се грижи Арсовска затоа што граѓаните на општина Бутел имаат Градоначалник кој ќе го зачува мирниот и спокоен живот во општина Бутел! Додава Костовски.