петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дарко Лазиќ со УРНЕБЕСЕН подарок дојде кај колегата кој отвори клиника (ФОТО)

Дарко Лазиќ со УРНЕБЕСЕН подарок дојде кај колегата кој отвори клиника (ФОТО)

Пејачот Слоба Васиќ отвори стоматолошка амбуланта заедно со сопругата Јелена, а на свеченото отворање ги покани пријателите и колегите.

Дарко Лазиќ дојде доцна, а домаќинот се воодушеви штом го виде – и поради неговото доаѓање и поради необичниот подарок.

Дарко реши да ги поддржи колегата и неговата сопруга, а на настанот дојде придружуван од својата избраничка Катарина. Како што налага редот, тој не дошол со празни раце, туку од багажникот извадил печено прасе и свечено му го подарил на домаќинот, кој бил воодушевен.

Да потсетиме, сопругата на Слоба, Јелена, поранешна мис на Босна и Херцеговина, сега е стоматолог, а во договор со сопругот реши да започне приватен бизнис и да отвори клиника која покрај стоматолошки услуги ќе дава и естетски. Васиќ ги покани колегите од шоу бизнисот, но и сите луѓе кои сакаат да се разубават, со нова насмевкавување со насмевка, но и на се попопуларното „боцкање“ – ботокс, хијалуронска киселина и други третмани.

Најнови вести