недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дами, ова мора да го знаете: Вашите секојдневни навики се непријатели на интимните делови од телото

Дами, ова мора да го знаете: Вашите секојдневни навики се непријатели на интимните делови од телото

Повеќето жени не се свесни дека одредени хигиенски навики можат сериозно да го загрозат нивното здравје. Хемикалиите и козметичките средства што ги користат ја нарушуваат природната рамнотежа на вагината и се причина за разни инфекции.

Затоа е важно да се придржувате до следните совети.

Водата е најдобра

При миење на вагината треба да се избегнуваат купки и миризливи сапуни бидејќи тоа ја нарушува природната киселост и може да биде причина за воспаление и габички. Најдобра е обичната вода. Минералната вода исто така не е лош избор, но благо или природно, газираната не доаѓа предвид.

Дневните влошки и тампони се причина за инфекции

Поголемиот дел од козметиката за жени кои се рекламираат не е неопходна, а секој гинеколог ќе ви каже дека постојаното користење на тенки дневни влошки, како и редовното користење на тампони за време на менструацијата, не е пожелно. Имено, го спречува „приливот на воздух“ и го поттикнува размножувањето на бактериите и појавата на воспаленија.

Фармерки

Тесните фармерки не ѝ дозволуваат на вагината да дише и подобро е да носите облека што е полабава. Не се пожелни и неприродни материјали, како еластин или синтетика, бидејќи го спречуваат природниот секрет на вагината. Најдобар избор е секогаш памукот.

Влажност, но не како што треба…

Влажноста на вагината зависи од периодот на циклусот, но и од сексуалната возбуда. Здравјето на жените во лето е загрозено поради честото капење во базени кои не се секогаш чисти. Поради тоа на лето најчесто настануваат габични и вагинални инфекции, чешање, печење…

Пробиотиците се пријатели на вагината

Жените треба да пијат што повеќе млечни производи поради добрите бактерии кои се наоѓаат во нив. Тие помагаат да се одржи избалансиран бактериски статус во вагината. Нивните дози треба да се зголемат доколку сте на антибиотска терапија.

Внимателно со детергентот и омекнувачот

Детергентите за перење го иритираат пределот на гениталиите, затоа се препорачува да се изберат хипоалергенски детергенти без мирис за чувствителна кожа. Со нив задолжително измијте ја целата долна облека.