сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Цените на месните производи една од следните мерки што ќе се анализираат, најави Бектеши

Цените на месните производи една од следните мерки што ќе се анализираат, најави Бектеши

Цените на месните производи ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, ги поздрави компаниите од месната индустрија кои уште пред март, како што рече, почнаа да ги намалуваат цените.

-Сакам да ги поздравам некои од домашните компании кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените. Ние и ги посетивме. Цените на месните проиозводи кои се увезуваат ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија, истакна Бектеши на прес-конференција во Владата.

Министерот на прес-конференцијата соошти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата.

Најнови вести