петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: 1 милион за фирмата на братот на Груби, очигледен е судирот на интереси, институциите да не молчат

Митева: 1 милион за фирмата на братот на Груби, очигледен е судирот на интереси, институциите да не молчат

Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во владеењето на Груби. Ова се трансакциите кои државните институции ги направиле кон ЕТЦ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на братот на Артан Груби чија вредност надминува 1 милион денари. Во период од 2020 до 2022 се направени 8 трансакции од примателите на услугата односно Владата, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Министерството за економија на давателот на услугата фирмата на братот на Артан Груби ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, ова денеска преку прес-конференција до јавноста го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овде може да се видат различни трансакции со различна вредност 100, 300 па и 400.000 денари, а вкупната вредност надминува 1 милион денари додека Груби јавно вели дека немал никаква врска со бизнисот на неговиот брат. Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде. Додека власта на ДУИ и СДСМ со државни пари го развива сопствениот приватен бизнис и бизнисите на своите најблиски семејства, институциите надлежни за спречување на корупција и судир на интереси молчат. Дали ова ево согласно етичкиот кодекс со кој се фалеше власта? Дали етички кодекс за однесување на функционерите и членот 5 каде се вели дека член на владата на прво место треба да го става јавниот интерес и не смее да овозможува остварување на интереси за лични или на негови блиски лица важи за сите, само не за Артан Груби?, прашува Митева.

Таа прашува кој ќе биде следниот изговор на Груби, дека баш оваа туристичка агенција е најдобриот понудувач?

„Иако сакаат да ја убедат јавноста дека баш фирмите на членовите од нивното најблиско семејство се идеалниот партнер, ова е само уште еден криминал и судир на интереси, изречно забрането според Законот за спречување на корупција и судирот на интереси. Институциите да се одважат и веднаш да покренат постапка која конечно ќе заврши со соодветен резултат“, истакна Митева.

Најнови вести