петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски го има најдобриот пласман во неговата кариера

Калин Ивановски го има најдобриот пласман во неговата кариера

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски продолжува да напредува и на најновото АТП рангирање го има најдобриот пласман во досегашната кариера.

Ивановски има 86 поени што му донесе скок од две места и сега тој е 475 рекет на светот. Освен него во позитивна насока се движат и останатите македонски тенисери, поточно сите напредуваа по две место, а тоа се Обрад Марковски, Горазд Србљак, Берк Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов.

Во конкуренција на двојки, најдобар наш тенисер е Марковски на 946 позиција, најголем пад на листата доживеа Србљак кој се лизна дури 214 места (1128).

Кога е во прашање самиот врв, Алкараз со славјето во Индијан Велс го презема првото место од Ѓоковиќ, во првата петка се уште Циципас, Руд и Медведев.