понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Семејството Ѓоковиќ потресено и во неверување од киднаперите- дедото на Јелена пронајден во згрозувачка состојба (ФОТО)

Семејството Ѓоковиќ потресено и во неверување од киднаперите- дедото на Јелена пронајден во згрозувачка состојба (ФОТО)

Дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, Милосав Радисављевиќ, денеска бил најден врзан за бетонски столб во местото Љиг, во западна Србија. Според српските медиуми ставува збор за киднапирање, а полицијата работи на расветлување на овој случај.

-Го пронајдовме врзан со лисици за една бетонска бандера во нива со пченка од каде тој извикуваше за помош. На местото случајно поминуваше директорот на комуналното претпријатие во овој град кој ги слушнал повиците за помош, па веднаш му пружил помош. Веќе неколку пати ја контактиравме неговата ќерка која во моментов се наоѓа во Монте Карло и ни рече дека на нејзиниот брат му се испраќаат пораки во кои се бара два милиони евра откуп, вели претседателот на општината Љиг, Драган Лазаревиќ.

Тој додава дека на лице место е пристигнато полиција и се работи на расчистување на случајот.

Најнови вести