четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

КОКОСОВО МАСЛО – ЧУДО за убава коса, кожа и заби!

КОКОСОВО МАСЛО – ЧУДО за убава коса, кожа и заби!

Кокосовото масло е едно од најпопуларните масла, а освен за подготовка на супер здрави јадења, можете да го користите и за козметички цели. Кокосовото масло веднаш станува маска за сува коса, а во комбинација со кафеав шеќер – одличен пилинг за кожата.

Кокосово масло за коса

Кокосовото масло е омилен природен сојузник на жените кои имаат сува или оштетена коса. По неколкумесечна редовна употреба на кокосово масло, наместо маска и регенератор за сува коса, се покажа дека косата станува посјајна и поздрава. Можете исто така да користите кокосово масло кога ја бојадисувате косата, со тоа што ќе нанесете малку масло по должината, на скалпот и околу ушите за да избегнете вашата кожа да добие темна боја.

Кокосово масло за лице

Кокосовото масло се покажа како мултифункционален производ во бањата, кој може да замени крем за лице, пилинг, маска за коса и отстранувач на шминка. Можете да нанесете кокосово масло директно на лицето во мала количина наместо крем, а можете да го додадете во вашиот пилинг, маска за лице или средство за отстранување шминка. Покрај тоа што ја негува и хидрира вашата кожа, делува против создавањето на првите брчки и пигментацијата, ја враќа еластичноста и влажноста на уморната кожа, го успорува процесот на стареење на кожата, помага и за намалување на разни инфекции на кожата.

Кокосово масло за заби

Од кокосово масло можете да направите и природна паста за заби. Кокосовото масло одлично делува против бактериите во усната шуплина, не содржи дополнителни бои и хемикалии и не содржи флуор.