сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија титулата во Купот

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија титулата во Купот
Одбојкарките на Работнички Скопје, ја одбранија титулата во Купот. Тие во финалето беа подобри од Наковски волеј 3-1 во сетови.
Највозбудлив и можеби пресуден беше третиот, кој по голема драма му припадна на Работнички со 30:28, а тимот на Наковски не искористи дури 4 сет топки.
Во четвртиот сет Работнички беше доминантен, го  доби со 25:16, и со конечни 3:1 во сетови втор пат во низа го освојува трофејот наменет за победникот во купот.
Така сега екипите на Работнички Скопје и Струмица Никоб ќе се обидат како и лани да стигнат до двојната круна, односно да триумфираат и во првенството.