Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјави дека би можел да направи сензационален камбек во тенисот на САД опен (28 август – 10 септември), како поранешен шампион.
– Сѐ уште имам време, ќе почнам да тренирам, да видиме како ќе реагираат мојата нога и колено и дали можам да го направам тоа или не – изјави Аргентинецот, а пренесува Еуроспорт.
Тој во интервјуто со јужноамериканскиот репортер Дени Мише ги воодушеви своите многубројни фанови само со сугестијата дека се надева оти ќе започне изненадувачки камбек.
Дел Потро, кој го освои САД опен во 2009 година, многу сака да се врати, откако минатата година мораше да се повлече од тенисот по постојаните повреди на зглобот на раката и на коленото.
Дел Потро (34) не се појавил на терените од февруари 2022 година кога играше пред своите навивачи во Буенос Аирес.