недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Изгуби над 100 килограми, а сега направи уште една операција: Еве како изгледа Дарко Лазиќ и кој му помага да закрепне (ФОТО)

Изгуби над 100 килограми, а сега направи уште една операција: Еве како изгледа Дарко Лазиќ и кој му помага да закрепне (ФОТО)

Пејачот Дарко Лазиќ имаше операција за затегнување на кожата и сега успешно закрепнува.

Дарко во периодот што следи треба да одмора, а неговата избраничка Катарина одлично се грижи за него, што го покажа со фотографија на Инстаграм.

Имено, таа го сликала Дарко во кревет додека му носи ручек, а заедно со тоа напишала:

-Кажи ми дека жена ти те обожава, без да ми кажеш дека жена ти те обожава, рекла Катарина.

Таа воедно покажала како изгледа пејачот по интервенцијата.

-Дарко беше опериран, интервенцијата помина добро. Дарко се чувствува добро. Сега ќе има одмор и опоравување три недели, колку што трае паузата со настапите. По паузата продолжува со настапи и снимање песни и спотови за новиот албум кој ќе излезе наскоро, а сигурнa сум дека неговите напори ќе се исплатат и дека луѓето кои сакаат да го слушаат ќе бидат воодушевени од новиот албум и секоја песна што ќе се најде на него, рече Катарина за медиумите.

Да потсетиме, Дарко Лазиќ еднаш имаше операција за намалување на желудникот, по што драстично ослабе. Ослабе повеќе од 109 килограми, а сега реши да го затегне вишокот кожа што постоеше на неговото тело.

-Изгубив многу килограми и затоа кожата навистина ми виси. Морам што поскоро да направам операција на затегнување, сето тоа наскоро ќе го решам, изјави неодамна Лазиќ.

Најнови вести