Ова ќе ве насмеа до солзи…
Дара Бубамара уште во основно училиште покажувала наклонетост кон пеењето и глумата. Со приклучувањето кон училишниот хор почнала да го развива својот талент за пеење. На 11 години почнала да се натпреварува и појавува на разни музички манифестации.
Набрзо после тоа била гостинка на концерт на Лепа Лукиќ.
Таа уште на 12 години ја претставува Војводина на Детските игри „Змеј“ во Нови Сад, каде го освојува првото место. Две години подоцна победува на манифестацијата „Најлепши глас Југославије“.
Почетокот на нејзината сериозна естрадна музичка кариера почнува во 1989 година со бендот „Дара Бубамара шоу бенд“, со кој настапува ширум Југославија. Пет години подоцна го сними првиот албум „Кошава са Дунава“ со истоимената песна која набрзо стана хит.
извор: hashtag.mk