Клара Чиа Марти, девојката на Жерард Пике, со која поранешниот фудбалер наводно ја изневерувал Шакира, се најде во центарот на скандал за кој се зборува со месеци и со тоа привлече големо внимание кај шпанските медиуми.
Неодамна ѝ била понудена голема сума за интервју во кое би ги кажала деталите за врската со Пике, а откако ја одбила понудата, Кјара добила нова понуда од милион долари за само една фотографија во костим за капење, пишува „Essentiallysports“.
Меѓу другото, шпанските медиуми ѝ понудиле милион долари за да се појави на телевизија, но 23-годишната студентка ги одбила сите понуди.
View this post on Instagram
За потсетување, Шакира ги прозва Клара и Пике во нејзината хит песна, а парот останува далеку од очите на јавноста. Пике на крајот на јануари ја објави нивната прва заедничка фотографија на Инстаграм и така се најде на удар на критичарите, а неодамна наводно ѝ се заканил на новинарка која го прашала за песната на Шакира додека тој се шетал по улица со Кјара.