Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од 2.4 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во исто време, кога нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично“ се наоѓаат пари за косење на трева и сечење на дрвја, во износ од над 2 милиони евра, а притоа власта нема направено ни еден километар автопат во државата.
На граѓаните веќе им е јасна шемата на владата, со која преку државното претпријатие ЈПДП, поради бизнис интереси, се соголува Македонија, преку надзори од 22 милиони евра, а сега и со дополнителни 2.4 милиони евра.
Додека Ковачевски се фали по маркети, за замрзнати цени на производи кои чинат помалку за 2 или 1 денар, на големо е одмрзната корупцијата и криминалите на ДУИ и СДС, впрочем и затоа кога одат по маркетите, добиваат лекции од народот, се вели во соопштението на партијата.