сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ХАОС УШТЕ ОД РАНО УТРОВО ВО СКОПЈЕ: Полиција на секој чекор, улиците блокирани, а хеликоптери го прелетуваат градот – еве што се случува!

ХАОС УШТЕ ОД РАНО УТРОВО ВО СКОПЈЕ: Полиција на секој чекор, улиците блокирани, а хеликоптери го прелетуваат градот – еве што се случува!

МВР информира дека денеска и утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот поради посетата на австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен. Покрај тоа, за денеска во Скопје е најавен посебен сообраќаен режим и поради одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на булевар „Илинден“.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28 и 29 март, вторник и среда, поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, известуваат од МВР.

Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Најнови вести