вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тинејџерката Меклнтош го подобри светскиот рекорд на 400 метри слободен стил

Тинејџерката Меклнтош го подобри светскиот рекорд на 400 метри слободен стил

Нова светска рекордерка на 400 метри слободен стил е 16-годишната канадска пливачка Самер Меклнтош, која најдобриот резултат на сите времиња го исплива на националните квалификации за Светското првенство.

Новиот светски рекорд во оваа дисциплина изнесува 3:56, 08 со што младата Канаѓанка за 32 стотинки го подобри досегашното најдобро време, кое го постави Арни Титмус од Австралија.

– Ова е неверојатен резултат. Не очекував дека во овој момент можам да испливам светски рекорд, но, истовремено е и доказ дека сè е можно. Целосно се посветив на пливањето, но ваков неочекуван скок во резултатите не можев да предвидам, изјави Меклнтош.

Канадската пливачка воедно е светска вицешампионска на 400 метри слободно.