понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Ѓоковиќ ја загуби платежната картичка и со 100 евра го награди момчето кое му ја врати

ВИДЕО: Ѓоковиќ ја загуби платежната картичка и со 100 евра го награди момчето кое му ја врати

Кошаркарите на Црвена Звезда со победата против Валенсија ги задржаа теоретските шанси за пласман во плеј-офот во Евролигата, но ѕвезда на натпреварот во салата „Александар Николиќ“ одново беше Новак Ѓоковиќ.

Во моментов вториот тенисер во светот ги бодреше „црвено-белите“, а на полувремето се сликаше со бројните фанови. Ноле во еден момент од џебот извади банкнота од 100 евра и му ја даде на едно од момчињата.

Многумина се запрашаа зошто Ѓоковиќ се решил на ваков потег, а мистеријата ја разрешил еден од тројцата млади кои откриле дека платежната картичка на Новак ја нашле во близина на салата и решил да му ја врати.

За овој потег на момчето следуваше награда од еден од најдобрите тенисери во историјата.