вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски утре во официјална посета на Србија

Ковачевски утре во официјална посета на Србија

Премиерот Димитар Ковачевски, утре е во официјална посета на Република Србија.

Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик-министерот за информатичко општество и јавна администрација, Александар Бајдевски.

-Во рамки на работниот дел од агендата на оваа официјална посета на Република Србија, планирана е церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, а како и тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Двете владини делегации, предводени од премиерите на Република Северна Македонија и Република Србија во рамки на официјалната посета ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите, информираат од Владата.

По пленарната средба, предвидено е потпишување на меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и заедничка прес-конференција на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ.

Најнови вести