петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Илон Маск открил што појадува секое утро: „Сè уште сум жив“

Илон Маск открил што појадува секое утро: „Сè уште сум жив“

Илон Маск открил дека секој ден појадува крофни.

Тоа го напишал на Твитер како одговор на објавата на Питер Диамандис, доктор и извршен директор на непрофитната организација „XPRIZE“.

„Шеќерот е отров“, напишал Диамандис, на што Маск одлучил да ги сподели своите прехранбени навики.

„Појадувам крофни секое утро. Сè уште сум жив“, напишал милијардерот под неговата објава.

„Во ред, Илон, дозволи ми да бидам попрецизен. Шеќерот е отров кој делува бавно“, му возвратил докторот.

Фактот дека Маск редовно појадува крофни не изненадува, со оглед на неговите претходни коментари за животните навики.

„Попрво би јадел вкусна храна и би живеел пократко“, изјави милијардерот во поткастот на Џо Роган во 2020 година. Тој додаде тогаш и дека вежба, но признал дека не ужива претерано во тоа.

„Не би вежбал доколку не морав“, изјави Маск во таа прилика.

Најнови вести