недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Славјанка Петровска доста глуми, плаче и се крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство“

„Славјанка Петровска доста глуми, плаче и се крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство“

Славјанка Петровска треба да престане да глуми жртва и да даде одговори дали крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Доста глуми, плаче и крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За дијагнозата дека има опседнатост, инхибиција и третман со седативи, не ја измислува ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го содржи извештајот на Петровска со кој таа се прави жртва во тужбата против Драган Ковачки. Суштината е дали навистина има Петровска ваква дијагноза, зошто ако таа е вистинита тогаш непресметлива личност го води Министерството за одбрана и треба да си замине, или пак свесно лаже, а извештајот е измислен за да Ковачки биде осуден.

Јавноста е уморна од глумењето на жртва на Славјанка, додека во реалноста станува за министер кој крие имот, додаваат од партијата.

Најнови вести