вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Повеќе од 3000 луѓе на априлијадата во Гази Баба

Стефковски: Повеќе од 3000 луѓе на априлијадата во Гази Баба

Денес, 01.04.2023 година на плоштадот во Автокоманда се оддржа Априлијадата 2023 година. Организатор на априлијадата беше општина Гази Баба и истата со свое обраќање ја отвори градоначалникот Бобан Стефковски.

За настанот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која што напиша:

Слика каква што Гази Баба не памети
Повеќе од 3000 луѓе го исполнија плоштадот во Автокоманда на Априлијадата 2023 година
Одлична забава ни приреди маскотата Биби, но за жал временските услови не ни дозволија до крај да ја реализираме програмата.
На сите дечиња им ветувам нова детска забава за многу скоро од денес.
Ви благодарам од срце на сите кои денес дојдовте и заедно испишавме нова страница од историјата на нашата Гази Баба.
Со љубов за сите дечиња – напиша Стефковски.