сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Савевски го објави списокот ракометарки за мундијалскиот бараж со Украина

Савевски го објави списокот ракометарки за мундијалскиот бараж со Украина

Сениорската женска репрезентација на Македонија во рамки на женска ЕХФ неделата која започнува од 03.04 ќе оддигра натпревари против репрезентацијата на Украина во европските квалификации за пласман на Светското првенство

Мундијалот ќе се оддржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29 Ноември до 17 Декември 2023 година.

На овој Мундијал покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.

Сениорките натпреварите ќе ги оддиграат на 08 Април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го оддиграат реванш во Кишварда, Унгарија.