недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски:Коалицијата СДС-ДУИ-Левица ја интересираат тендери и пари и затоа ќе бидат поразени од ВМРО-ДПМНЕ и народот

Мицкоски:Коалицијата СДС-ДУИ-Левица ја интересираат тендери и пари и затоа ќе бидат поразени од ВМРО-ДПМНЕ и народот

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Штип запрашан како ја коментира разврската во ДУИ и како тоа ќе се одрази на владината коалиција потенцираше дека оваа влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Имено Мицкоски додаде дека не би сакал да навлегува во внатрешните работи на ниту една политичка партија иако сите политички партии се обидуваат ова единство во ВМРО-ДПМНЕ да го нарушат.

-Оваа влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Јас не би сакал да навлегувам во внатрешните работи на ниту една политичка партија, иако сите политички партии се обидуваат оваа кохезија, ова единство во ВМРО-ДПМНЕ преку одредени мешетарење и клинови да го нарушат, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски порача:
Мојата порака е дека не само што нема да успеат, жестоко ќе бидат поразени, ама ќе бидат поразени и внатре кај нив самите, а ќе бидат поразени и од ВМРО-ДПМНЕ и од народот на следните парламентарни избори.

Најнови вести