среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

СЕНЗАЦИЈА: РК Вардар на колена во „Автокоманда“

СЕНЗАЦИЈА: РК Вардар на колена во „Автокоманда“

Алкалоид приреди сензација во ракометниот плејоф на Македонија откако славеше со 22-21 над шампионот Вардар, нанесувајќи му го на актуелниот првак првиот овосезонски пораз на домашната сезона.

Амбициозниот спортски проект предводен од селекторот Кире Лазаров блесна против најсилниот можен ривал, на моменти водеше и со „плус седум“, а младите ракометари покажаа потенцијал за да се вратат дури и кога се најдоа во негатива, на крајот стигнувајќи до заслужена победа над „црвено-црните“.

Серафимов беше најефикасен со седум гола, по три постигнаа Кофиловски, Илиески и Младеновиќ, додека кај Вардар најдобри стрелци беа Манасков со седум и Талески со четири погодоци.