понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски во изјава 2022 година говореше за хрватскиот Устав дека е прифатлив, денес молчи

Премиерот Димитар Ковачевски лани во изјава пред медиумите говореше како хрватскиот Устав е прифатлив модел, додека денес молчи.
Ковачевски во изјава 2022 година говореше за хрватскиот Устав дека е прифатлив, денес молчи

„Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои што се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Псотојат држави кои што имаат дури 25 народи во нивните Устави како што е Хрватска, а тоа само ја збогатува општествената кохезија во државата, особено во едно општество како што е нашето мултиетничко“, изјави Ковачевски лани.

Додека во овој момент молчи и не сака да одговори дали ќе го прифати овој модел на хрватскиот Устав во нашата земја.

Во меѓувреме тезите на СДС и ДУИ, дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение.

Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе.

Еве како би изгледал македонскиот устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид:

„Република Македонија се установува (воспоставува) како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН“

ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.

Актуелната преамбула која би се менувала гласи:

“Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи…”

СДС и ДУИ не би требало да имаат против устав на земја членка на ЕУ.

Денеска Марија Митева преку прес-конференција вели дека при промена на Уставот на Македонија да се примени во целост хрватската преамбула.

„Власта многу пати досега на темата уставни измени во јавноста ги пласираше тезите за промена на уставот на Република Македонија, по моделот во Република Хрватска. Оваа држава, Република Хрватска, е земја членка на ЕУ па оттука и промената на уставот по т.н хрватски модел за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив. Затоа, испраќаме јавна понуда до власта при промена на нашиот устав да го примениме хрватскиот модел во целост во однос на преамбулата“, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со тоа, Македонија ќе го промени мултиетничкот карактер во унитарен и аналогно на тоа Македонија ќе е држава на македонскиот народ и држава во која припаѓаат националните малцинствата, кои живеат тука. Еве како би изгледал македонскиот устав, односно преамбулата ако би се земала во предвид хрватската преамбула:

„Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др., кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во согласност со демократските норми на Организацијата на Обединети Нации“, вели Митева.

Таа додава дека со тоа, сегашната преамбула ќе претпри значителна промена од причина што актуелната преамбула гласи:

“Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите”

-Воедно, спремни сме да разговараме сите националности кои се забележани во последниот попис да бидат дел од националните малцинства, но Македонија да биде унитарна држава. Ваков модел, во оваа форма ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е подготвена веднаш да поддржи, без никакви условувања. Очекуваме СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог од причина што самите постојано се прокламираат за европски политичари, па оттука после нивните изјави со кои хрватскиот модел го предлагат како најсоодветен пример за промена и примена во Македонија не веруваме дека сега би биле против овој модел и би одбиле Македонија да биде унитарна држава, вели Митева.

Најнови вести