петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Експертите тврдат: Еден напиток е покорисен од водата, ги зачувува коските и мускулите

Експертите тврдат: Еден напиток е покорисен од водата, ги зачувува коските и мускулите

Нашето тело се состои од околу 60 проценти вода, која учествува во бројни процеси во телото. Затоа е важно редовно да ja внесувате и така да останете хидрирани. Поточно, се смета за најздрав и најдобар напиток за хидратација.

Сепак, најновото истражување на шкотскиот универзитет „Св. Ендрјус“ велат поинаку. Имено, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира телото отколку водата.

Тие ги споредија реакциите на хидратација на неколку различни пијалоци. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е сепак подобро.

Според Роналд Мауган, професор на Медицинскиот факултет „Св. Ендрјус“ и авторот на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалок. Исто така, еден од факторите е нутритивниот состав на пијалокот.

Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.

Редовната хидратација е многу важна за нашето здравје. Не само во лето кога е топло, туку цела година.

Препорачаната дневна доза на вода е два литра за жени и три литри за мажи. Ако сте загрижени дека бројката е преголема, не грижете се.

Во телото внесуваме вода не само преку течности, туку и со помош на овошје, зеленчук и друга храна.