сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп пристигна во судот каде и формално ќе биде уапсен, потоа ќе се појави пред судија

Трамп пристигна во судот каде и формално ќе биде уапсен, потоа ќе се појави пред судија

По 10-минутно возење низ Менхетен, во колона од 15-тина возила, поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред зградата на судот.

Откако излезе од автомобилот, кратко им отпоздрави на присутните пред судот и потоа влезе во зградата придружуван од агенти на Тајната служба.

Тој ќе се упати во Окружното обвинителство каде и формално ќе биде уапсен, а постапката налагала да му се земат отпечатоци од прсти.

Потоа Трамп ќе треба да се појави пред судија, за да се изјасни по обвинеието за поткуп.