сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

СКАНДАЛ: Ракометен репрезентативец на БиХ суспендиран на четири години

СКАНДАЛ: Ракометен репрезентативец на БиХ суспендиран на четири години

Ракометниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Ален Овчина е суспендиран на четири години поради користење допинг.

Информацијата е потврдена на официјалната страна на европската ракометна федерација.

„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука за суспензија на Ален Овчина од Босна и Херцеговина на период од забрана за играње на четири години, почнувајќи од 21-ви декември 2022 година“, објави ЕХФ.

Овчина ги прекршил антидопинг правилата откако бил позитивен на забранета супстанца во натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 година кој се одигра на 13-ти октомври 2022 година.

Ракометарот има право на жалба, но мали се шансите таа да биде прифатена, а ова практично значи и крај на неговата кариера затоа што во овој момент има 34 години.

Дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина го носеше од 2014 година.