сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“

Пендаровски ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“

Претседателот Стево Пендаровски утре – 6 април 2023 година, четврток, со почеток во 11:00 часот, ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ што под негово покровителство ќе се одржи во х. „Хилтон“.

На настанот воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, а во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

Во рамки на втората панел дискусија „Како институционалната поставеност во државата одговара на текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030“ ќе се обратат претставници на институции и невладини организации и претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

На настанот ќе биде презентирана Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 од страна на претставници на Институтот за истражување и анализи „Ромалитико“.

Најнови вести