среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Тухел: Немав многу време, но ја преземам одговорноста за елиминацијата

Тухел: Немав многу време, но ја преземам одговорноста за елиминацијата

Ерата на Томас Тухел на клупата на Баерн не започна славно и покрај воведната победа над Борусија Дортмунд во Бундеслигата.

Новиот тренер на Баварците беше разочаран од елиминацијата во четвртфиналето од Купот на Германија. Фрајбург беше подобар со 1-2, со гол постигнат во 95. минута од пенал.

„Фрајбург постигна два гола од два удари кон голот. Не се сеќавам дека имале уште една шанса. Имавме добри моменти, но нешто ни недостигаше – конечен пас, правилната одлука, прецизност… Тие се бранеа длабоко, а ние не можевме да ги притиснеме цело време. Поведовме, потоа имавме две-три одлични шанси, особено онаа што ја пропушти Томас. На крајот ние самите сме виновни за поразот. Елиминација на домашен терен во четвртфиналето, секако дека е големо разочарување“, вели новиот тренер на германскиот шампион.

Новинарите го прашаа дали тој е одговорен за поразот, а новиот тренер на Баерн одговори: