четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со пародија го отвори Аква паркот кој Бочварски го ветуваше во предизборната кампања

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со пародија го отвори Аква паркот кој Бочварски го ветуваше во предизборната кампања

Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип денеска преку пародија покажа дека ветувањата на сегашниот градоначалник на општината, Благој Бочварски останаа само на хартија.

Тие „го отворија“ Аква паркот кој Бочварски го вети во склоп на Спортско рекреативниот центар Суитлак.

– Тој е направен како резултат на заложбите на Градоначалникот на Општина Штип, на кои што и претходеше предизборното ветување за изградба на овој проект.Со оваа пародија имаме за цел да посочиме на јавноста дека она што беше ветено за време на Локалните избори, не се остварув.Мегаломанските проекти од програмата на градоначалникот остануваат на хартија а тој очигледно нема ни план, ни визија како да ги направи реалност, изјави претседателот на УМС Штип, Благој Цонев.

Најнови вести